Општина Битола додели награда на Виолета Томовска за животно дело
Општина Битола, на доајенот на македонската народна песна, битолчанката Виолета Томовска и додели наградата за животно дело, со што ги заокружи свеченостите посветени на празникот на градот, 4-ти Ноември.
На синоќешната свечена академија во Битола, управниот одбор за доделување на наградата „4-ти Ноември“ ги врачи и признанијата за годишни постигнувања, успеси и афирмација на градот во областа на науката, литературата и спортот, кои освен од домашната, беа поздравени и од меѓународната јавност, односно претставниците на збратимените градови од Франција, Србија и од Бугарија, кои престојуваа во овој град.
Празнувањето на денот на ослободувањето на Битола почна со традиционалната ноќна атлетска трка по Широк Сокак, продолжи со меѓународен шаховски турнир на слепи лица, а главен фокус беше ставен на златниот јубилеј – 50 години од збратимувањето на Битола со францускиот град Епинал.
Домаќините и гостите од Франција за публиката приредија две ликовни изложби чии автори се Жан Пол Маршал и Петар Ставрев, градоначалниците Наташа Петровска и Мишел Хајнриш во централното градско подрачје засадија дрво, а потпишаа и Повелба за новите правци во меѓусебната соработка на двата града.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот