Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка

Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка преку настани организирани од Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како што информира општина Аеродром, петтооделенци од училиштето „Александар Македонски“ ја посетиле станицата за мониторинг на квалитетот на воздухот во населбата Лисиче. Тие се информирале на кој начин се мерат загадувачките супстанци и како овие податоци се пренесуваат во центрите задолжени за нивна обработка. Учениците од ОУ „Блаже Конески“ посетиле погон на фабрика, каде освен со процесот за производство на чаеви се запознале и со историјатот на бар кодовите.
Одбележувањето на Денот на европска соработка се организира седма година во цела Европа во координација на Европската комисија за соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент. Целта на оваа кампања е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавноста.
Фотографиите и видео материјалите од настаните ќе бидат прикажани на завршниот настан на 12 октомври во Дојран во организација на Министерството за локална самоуправа.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
