Општина Аеродром добива две нови градинки, објавен конкурсот за изработка на идејни решенија
Општина Аеродром денеска објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки со што се реализираат ветувањата на Градоначалникот Тимчо Муцунски за решавање на најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.
Водејќи сметка за квалитетот на градбата, посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес. Конкурсот е отворен за аплицирање од страна на физички и правни лица.
Апликациите ќе бидат разгледани и оценети од стручна комисија составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, експерти и стручни лица во областа. Краен рок за достава на конкурсните трудови е 12.12.2022 година (понеделник), посочуваат од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати