Општина Аеродром бара 10 стручни лица за грижа на деца со посебни образовни потреби
Општина Аеродром објави оглас за вработување 10 стручни лица со професија дефектолог, психолог и педагог, кои ќе бидат ангажирани за помош на деца со посебни образовни потреби. Огласот трае до 14 август.
Од општината информираат дека станува збор за проектот „Унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби, кои ги посетуваат училиштата во Општина Аеродром“. Проектот го спроведуваат општина Аеродром, Агенцијата за вработување и УНДП.
Целта на овој проект, како што се наведува, е да ја подобри грижата за децата со посебни образовни потреби за нивна уште поголема инклузија во образовниот процес и непречено одвивање на сите образовни активности во три основни училишта на територијата на општина Аеродром: „Ѓорѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“.
Од друга страна, преку овој проект ќе им се помогне на активните баратели на работа (дефектолози, педагози, психолози и други професии од сферата на грижа на лица со посебни образовни потреби) да се стекнат со професионално работно искуство и вештини, за да станат поквалификувани и конкурентни на пазарот на трудот, со крајна цел намалување на невработеноста во општината и во државата.
Лицата кои ќе бидат избрани на конкурсот ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часa неделно за период од 9 месеци. Ангажираните лица ќе бидат задолжени за следење на учениците со посебни образовни потреби, на кои им е потребна дополнителна стручна помош за успешно адаптирање и ресоцијализација преку најразлични вежби и индивидуална работа, потенцираат од општината.
Повеќе детали може да се добијат во општина Аеродром, во Агенцијата за вработување, во Центарот за социјална работа во Скопје и преку линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори