Опозицијата се врати во Собранието

Пратениците од опозицијата денеска се вратија во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.
Во текот на денот се очекува изјава од лидерот на СДСМ Зоран Заев, а прес-конференција има најавено и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицискиот блок, како што е најавено, ќе функционира во Парламентот како една пратеничка група.
Пратениците од СДСМ не учествуваа во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани, претседателот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.
Според протоколот кон договорот од 2 јуни, што на 15 јули го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието, односно до 15 овој месец треба да биде избран нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител се именува преку договор на партиите потписници.
Лидерот на СДСМ Заев завчера изјави дека враќањето во Парламентот е со цел да се донесе законот за специјалниот обвинител до 15 септември.
Питер Ван Хојте, олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, минатата недела изјави дека е постигнат сериозен напредок по сите точки во дијалогот посветен на Изборниот законик. Според него, најтешко е да се мотивираат луѓето постојано да бидат ангажирани во дискусијата, а во разговорите, вели, постигнат е огромен напредок во однос на заемната доверба меѓу политичките партии.
Со договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори.
Покрај враќањето на опозицијата во Собранието и именувањето на специјален обвинител, со договорот од Пржино се предвидува на 20 октомври годинава, да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ. Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство, и за информатичко општество и администрација. Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.
Ново на Сител
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
