Опозицијата повторно ќе го поднесе законот за покачување на пензиите
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија дека до Собранието повторно ќе го поднесат законот за покачувањето на пензиите, кој вчера не беше ставен на дневен ред на седница на Собранието.
- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да се откажат и најавуваме дека повторно ќе биде поднесен овој закон и повторно ќе се бара зголемувањето на пензиите да се предвиди во Буџетот за 2018 се со цел наредната година сите пензионери да добијат реално покачување на пензиите, а не како што се обидува СДСМ да ги залажува, стои во соопштението на пратеничката група.
СДСМ не прифати зголемување на пензиите за пет отсто и со самото тоа, како што стои, пензионерите нема да земат повисоки пензии во наредната година.
- СДСМ го прекина континуитетот на зголемувањето на пензиите кои се случуваше последните 11 години, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ