Опозицијата подготвува вувузели за инаугурацијата на Хашим Тачи

На плоштадот Скендербег во Приштина утре во 11 часот ќе биде одржана инаугурацијата на Хашим Тачи како нов претседател на Косово, а опозицијата има подготвено вувузели, јавија приштинските медиуми.
- Трите опозициски партии Движењето Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово покрај другото планираат и користењсе на вувузели со цел да ја спречат инаугурацијата на Тачи, пишува „Идексоналајн“.
Церемонијата е предвидено да трае 50 минути, а ќе присуствуваат 1.200 гости од 50 држави.
И претседателот на партијата Активна Србија, Душан Јањиќ ќе присуствува на инаугурацијата на косовскиот претседател, јави Танјуг.
Тачи денеска положи заклетва во Собранието на Косово, со што го почна петгодишниот мандат. На положувањето на опозицијата не присуствуваше опозицијата.
Ново на Сител
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
