Македонија
9. December 2023 - 16:38

Опозицијата не го прифаќа Џафери за технички премиер - за ДУИ следен проект е Албанец шеф на државата

Собранискиот спикер Талат Џафери не е прифатлив за технички премиер за опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако ДУИ вчера го предложи, а СДСМ го прифати за прв човек на преодната влада пред избори.

Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза. Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски. Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел....

Сепак, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада согласно распределбата на ресори одлуките во партијата на Мицкоски ќе се носат допрва. Нема став и тоа Јован Митрески од СДСМ да застане на чело на парламентот.

Власта пак, цврсто застанува зад предлогот Џафери да биде технички премиер. СДСМ утре на партиски состанок на раководството и ќе ја официјализира одлуката. Според власта, евенетуалното неучество во техничката влада на ВМРО-ДПМНЕ е само алиби за изборен пораз.

 На овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ. Ако ДПМНЕ бара алиби за поразот што ги чека на изборите нема да им успее. Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните....

Матичната партија на Џафери задоволна од изборот. Од ДУИ велат дека се подготвуваат за нов проект – Албанец - шеф на државата.

 „Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по вторпат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието. Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“

Единствен следен прокет на ДУИ е заминување во опозција, коментираат од вмро-дпмне.
И за владината Алијанса на Албанците приофатлив е терхничкиот премиер

A нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори, 
Според роковите, Македонија треба да ја добие техничката влада до 28 јануари. Власта добива технички премиер, додека пак опозцијата би требало да има технички министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, а има и неколку дополнителни заменици министри.