Опожарено возило на бизнисмен од Крива Паланка

Ноќеска е опожарено возило во центарот на Крива Паланка, кое било паркирано на паркинг покрај главната улица „Св.Јоаким Осоговски“.
Според Министерството за внатрешни работи, околу два часот и 50 минути пријавен бил пожар на патничко моторно возило, марка „фолцваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Р.П. од Крива Паланка. Увид извршила екипа на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка ,а од МВР велат дека возилото е опожарено од засега непознати причини.
Сопственикот на автомобилот, пак, Роберт Петков, познат бизнисмен од Крива Паланка, рече дека во моментот кога настанал пожарот се наоѓал во угостителскиот објект кој го поседува, во чија близина било паркирано возилото. Посочи дека пожарот е подметнат, бидејќи на лице место било пронајдено шише со бензин.
МВР работи на расветлување на случајот.
Ново на Сител
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
