Опожарени неколку десетици метри трака за пренос на јаловина во „Суводол“

Во петокот утрото во рудникот „Суводол“ во РЕК Битола изби пожар на трака за пренос на јаловина. Причина за пожарот е пролизгување на погонски барабан на јаловинската станица ЕТО 3 преку која се врши пренос на ископаната земја.
Во пожарот, како што нформира ЕСМ, изгореа неколку десетици метри трака. Благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден беше пуштен во работа.
Според ЕСМ, во производството во РЕК Битола, вклучени се работници со подолг работен стаж и во многу мал дел новопримени лица. Во тек е постапка за утврдување евентуален пропуст во работењето, по што ќе бидат преземени сите законски мерки доколку одговорност биде утврдена. Материјална штета по АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола во никој случај нема да биде предизвикана, бидејќи траката е предмет на осигурување.
-Во моментов не бил сакале да прејудицираме, меѓутоа долгогодишниот застој во набавка на нова опрема и ревитализирање на системите, на крајот го зема својот данок. Комбинатот ги вложува сите свои сили целосно да ги санира последиците од јавашлукот во минатото, за што потврда се производствените резултатите во првите пет месеци од годинава, наведува ЕСМ.
Ново на Сител
-

Гаши: До крајот на годината очекуваме посета на претседателката на Собранието на Бугарија
-

Зајакнување на деловниот интегритет преку јавно-приватна соработка
-

Стартува Охридскиот вински фестивал
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
