Опожарена голема површина борова шума во Кривопаланечко
Локализиран е пожарот што вчера попладне избувнал во атарот на селото Крстов Дол, кривопаланечко. Од Регионалниот центар за управување со кризи, Куманово, информираа дека пожарот избувнал на вчера околу 16 часот и 50 минути.
Командирот на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски рече дека пожарот зафатил голема површина борова шума, а е ставен под контрола дури утрово околу десет часот.
– Со пожарот е опожарна борова шума, на површина од околу триесетина хектари. Пожарот поради топлото време се проширил многу брзо, гореа три рида,а огнот доспеал речиси до граничниот појас со Република Србија. Сѐуште не е ликвидиран пожарот, во чиешто гасење интервениравме со едно противпожарно возило, пет пожарникари , петмина претставници од Јавно претпријатие “Национални шуми, подрачно шумско стопанство „Осогово”, Крива Паланка, рече Коцевски.
Во гаснењето учествувале и екипи на ПЕ на центарот за управување со кризи, Крива Паланка.
Конкретната опожарена површина и причините за настанување на пожарот ќе бидат дополнително утврдени.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
