Опожарен автомобил во Ченто

Еден автомобил рано изутрината бил запален на улицата „Методија Андонов Ченто“ бр. 161 во Скопје.
Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески случајот бил пријавен на „193“ во 3:05 часот изутрината, а пожарот бил изгаснат во 4 часот.
- Опожарени се делови од возилото и причинета е материјална штета од околу 60 илјади денари. Интервенирано е со едно возило и со четири пожарникари, изјави Томески.
Противпожарната бригада на Град Скопје изутрината во 2:40 часот интервенирала и во стан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Поради запалена електрична инсталација биле опожарени два метри квадратни и причинета е материјална штета од девет илјади денари.
Случајот бил пријавен на „193“, а во гаснењето на пожарот учествувале три пожарникари со едно возило.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
