Оперската претстава „Риголето“ во МОБ
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена оперската претстава „Риголето“ на прославениот Џузепе Верди.
„Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго (некаде се среќава и под наслов „Човекот кој се смееше“).
Во главните улоги настапува врвна солистичка екипа: во насловната улога Борис Трајанов, Ана Дурловски, Михајло Арсенски (кој живее и работи во Германија), Игор Дурловски и Ирена Кавкалевска.
Во останатите улоги ќе настапат: Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Александра Лазаревска-Василевски, Десанка Глигоријевиќ и Димитар Кожухаров.
Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови