Операцијата во Африн е блиску до победа, тврди Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турската операција во северозападна Сирија против курдските Сили за заштита на народот (СЗН) се приближува кон „победа" со секој нареден ден.
- Веќе 40 години мојата земја многу страда од терористите внатре во неа. И оние кои се внатре во земјата (ПКК) ги здружија силите со оние терористи во Сирија (СЗН)... Но, ние се приближуваме кон победа со секој изминат ден, посочи турскиот претседател..
Анкара смета дека сириската курдска милиција Сили за заштита на народот (СЗН) е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), која се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Турција.
Ердоган истакна дека целта на операцијата е безбедно да се вратат дома над три милиони сириски бегалци, кои сега се наоѓаат во Турција.
- За тоа се бориме. Не ни треба сириската земја, рече Ердоган.
Офанзивата на турските вооружени сили „Маслиново гранче“ во сирискиот град Африн почна на 20 јануари.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
