ОПЦВ: Исламистите се способни да го нападнат Западот со иперит
Екстремистите од Исламска држава, кои се враќаат во европските земји од Сирија, се способни за изведување напади со боевиот отров иперит, откако во воените зони научиле како да го употребат, изјави на безбедносна конференција во Париз директорот на Одделението за верификација на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), Филип Деније.
Во истрагата, што ОН и ОПЦВ ја завршиле во октомври, било заклучено дека силите на сириската Влада се одговорни за нападите со хлор, а дека Исламска држава го користела иперитот, боев отров чиј мирис потсетува на мирисот на сенф.
- Една од опасностите со кои мораме да се соочиме и да имаме подготвен одговор, со оглед на тоа дека Исламска држава научи како се прави иперит, е тоа дека едно од лицата кои тоа го научиле може да се врати во една од нашите земји и да помогне во изведување на сличен напад, изјави Деније на конференцијата.
Британски медиуми наведуваат дека западните претставници се повеќе се загрижени дека Исламска држава, која се бори да ги зачува териториите што ги зазеде во Сирија и Ирак, ќе ги повика следбениците и џихадистите кои се враќаат од овој регион во своите матични земји, да ги засилат нападите на Запад.
Ново на Сител
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада