Македонија
9. April 2019 - 13:45

Омилениот наставникот по физичко на децата од Кочани се вработи во Дубаи!

Николче Колев, кого родителите и децата од градинката „Павлина Велјанова“ од Кочани го бараа назад откако по петгодишен ангажман на негово место беше примен друг наставник се вработи но не во Македонија, туку во Дубаи.

Пред неколку месеци тој за Деца.мк објасни дека и покрај огромниот труд што го вложил за развој на гимнастиката во Кочани и организација на 5 детски олимпијади, не го добил вработувањето во градинката.

- На огласот се пријави и друг кандидат и ми беше кажано да не очекувам дека ќе бидам примен бидејќи не сум партиски подобен – ни изјави Колев, познат кај децата од Кочани како Коката.

Повеќе на deca.mk.