ОМД: Обновена Конгресната група за пријатели на Македонија во САД

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информира дека синоќа конгресмените Дејв Трот (Републиканец од Мичиген), Брендан Бојл (Демократ од Пенцилванија) и Стив Стајверз (Републиканец од Охајо) ја обновија Конгресната група на пријатели за Македонија и Македонските-Американци за 115. конгрес.
- Македонија е витален партнер во унапредувањето на американската национална безбедност во целиот свет. Покрај тоа, македонската дијаспора во САД е витален дел од нашата заедница и придонесува во разновидност и унапредување на целата наша нација. Ние сме горди на обновата на Македонската група за 115-тиот конгрес, која има за цел да ги нагласи прашањата кои влијаат на македонско-американската заедница и едукација на нашите колеги за важната улога на Македонија и македонската дијаспора во проследувањето на американските интереси, се наведува во соопштението од конгресмените Трот, Бојл и Стајверз.
Конгресмените Дејв Трот, Брендан Бојл и Стив Стајверз ќе служат како копретседавачи на Конгресната група во која членуваат моментално 31 конгресмен.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
