Македонија
23. February 2016 - 17:59

ОМД инсистира македонските лидери да покажат политичка зрелост

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), најголемата непартиска, невладина и непрофитна организација на Македонците во светот, со седиште во Вашингтон, изразува длабока загриженост за, како што велат во нивното соопштение, евидентниот застој во демократијата во Република Македонија, како и за степенот на политичка незрелост кај лидерите на најголемите политички партии.

- Лидерите на политичките партии во Македонија, па и сите политичари во државата, треба еднаш и за секогаш да разберат дека нивна најголема должност како лидери на државата е да го стават националниот интерес и единство на државата пред партискиот и личниот. Доколку не го поседуват ова чуство на одговорност спрема народот и државата тогаш најдобро е да се повлечат од нивните позици, бидејки еден ден ќе бидат осудени за нивните неоправдани акции, велат од ОМД.

Изборите, додаваат, се од витално значање во една демократска држава, а престојните избори во Македонија се од огромна важност бидејќи треба да бидат најзначајниот инструмент за расчистување на политичката криза во државата. - Поради оваа причина, мора да бидат договорени и одржани согласно Уставот на Република Македонија и да рефлектираат суверeнитет, а не надворешен политички притисок. Секакви вон-институционални активности на било кои политички партии во Македонија ОМД ги смета за теснопартиски интереси кои директно штетат на македонските национални интереси, посочуваат од ОМД.

ОМД апелира до сите политички партии во државата да работат упорно на прочиствување на избирачкиот список и гласачките листи, доколку тоа е причината за одлагање на изборите, и исто така ги повикува сите да се заложат за спроведување на попис во државата во најскоро можно време.

- Активно регистрирање на гласачи, како што е пракса за изготвување на гласачките листи во дијаспората, е солиден компромис и чекор напред кон решавање на актуелната политичка криза во Македонија. Откако тоа ке се стори, ОМД верува дека условите за одржување на фер, слободни, и демократски избори оваа година ке бидат исполнети. Меѓутоа, загрижувачки е фактот што попис на населението во државата се нема извршено веќе 14 години. ОМД смета дека пописот е неопходен за решавање на многу од проблемите со кои моментално се соочува нашата татковина, вклучувајќи го и проблемот со одржување на идни слободни и демократски избори, којшто ќе биде одстранет и неприсутен за било кои следни избори, нагласуваат од ОМД.