Оливер Спасовски поднесе оставка од функцијата во партијата

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата.
Спасовски денеска на брифинг со новинарите информираше и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.
Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.
Седницата на Централниот одбор на СДСМ е најавена за вечер со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.Се очекува на ЦО новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер, како и да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
