Оланд: Во 2016. не може да се повтори бегалскиот прилив од 2015

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека не постои никаква можност приливот на бегалци од лани да се повтори и оваа година.
- Се знае какви напори вложи Германија и ја поздравуваме искажаната солидарност, рече Оланд во интервју за германскиот весник „Билд“, кое излегува денеска, еден ден пред 18. седница на француско-германскиот совет закажана за утре во источниот француски град Мец.
- Германија ќе посвети значителни средства на приемот и интеграцијата на бегалците. Но, не може да стане ниту збор дека оваа година ќе се повтори тоа што се случи во 2015 година, нагласи тој.
Според францускиот претседател одговорот на мигрантската криза треба да биде европски, а во спротивно ќе настапи крај на Шенген договорот и ќе бидат обновени националните граници, со други зборови ќе се случи историски регрес.
Оланд изрази жалење поради тоа што Европската унија задоцнила со реакцијата на бегалската криза, која предизвика турбуленции, но додаде дека сепак ЕУ успеала да пронајде глобален одговор.
Оланд изјави дека бегалската криза го зближила со германската канцеларка на личен план и покрај тоа што немале исти политички ставови.
- Заедно го изградивме европското решение, но меѓу нас имаше разлики. Германија прифати стотици илјади бегалци и покажа голема великодушност, но и за Германија и за Франција тоа не може да се прави надвор од европските правила, со други зборови надвор од Шенгенот, изјави Оланд во интервјуто.
Ново на Сител
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
