Оланд предлага формирање „влада на еврозоната“

Франција е подготвена да учествува во „засилена организација“ на еврозоната и заедно со другите земји кои ќе се согласат на тоа, да создаде „една авангарда на Европската унија“, наведува францускиот претседател Франсоа Оланд во текст објавен во денешното издание на неделникот „Журнал ди димашн“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, францускиот претседател во својот авторски текст посакува создавање на „влада за еврозоната“.
- Еврозоната оваа недела да ја потврди својата кохезијам, наспроти Грција. Тоа во голема мерка се должи и на квалитетот на француско-грчките односи. Европскиот дух преовлада, пишува Оланд во посебното издание посветено на 90-от роденден на поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор.
- Но, ние не можеме да останеме на ова. Јас предложив да ја преземиме идејата на Жак Делор за влада на еврозоната и да се изработи посебен буџет, како и Парламент за да се обебзеди демократската контрола, додава францускиот претседател.
Спорд него, споделувањето на една валута значи „многу повеќе од тоа да се сака само усогласување“. - Тоа е избор на 19 земји, кои тоа го направија, бидејќи тоа беше во нивни интерес. Ниту една влада, од друга страна, не ја презеде одговорноста да излезе (од еврозоната), продолжува Оланд.
- Овој избор бара засилена организација и Франција е подготвена заедно со земјите што ќе согласат на тоа, да создаде една авангарда, бидејќи како што ни покажа Жак Делор нештата секогаш стануваат поголеми кога Франција ја има иницијативата во Европа, оценува тој.
Ново на Сител
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
