Оланд ако сака да биде повторно претседател, ќе мора да се појави на прелиминарните избори на Социјалистичката партија

Националното биро на француската Социјалистичка партија, едногласно одлучи нивниот кандидат за претседателските избори во 2017 година да биде избран на прелиминарни избори како во 2012 година, јавува дописникот на МИА од Париз.
Франсоа Оланд, чија популарност не е голема, па дури и кај симпатизерите на левицата, се одлучи на ризичен чекор, да побара втор мандат најпрво кај своите симпатизери – социјалистите, а потоа од сите Французи.
Прелиминарните избори на социјалистите се закажани на 22 и 29 јануари 2017 година.
Првиот секретар на Социјалистчиката партија Жан-Кристоф Камбаделис и стави крај на неизвесноста, одлучувајќи се да предложи прелиминарни избори, откако претходно се закануваше дека ќе го измени статутот на партијата со кој ќе се дозволеше претседателот на републиката ако е од редовите на социјалистите, автоматски да добие кандидатура од партијата за втор мандат.
„Мислам дека претседателот на Републиката сака набрзо да објасни кои се неговите избори... и да каже пред Французите како успеа и кои се неговите резултати, било во борбата против невработеноста, или економскиот пораст, кој преминуваат во зелено“ – рече Камбаделис.
Како што објаснуваат некои блиски на претседателот за француските медиуми, шефот на државата им се доверил: -„Како ќе можам да победам на претседателските избори, ако не сум способен да победам на прелиминарните“.
Во декември оваа година Франсоа Оланд се очекува да ја објави својата одлука дали ќе биде или не кандидат за втор претседателски мандат.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
