Бизнис
17. May 2018 - 19:49

Окта: Во земјава влегува српски мазут кој не ги задоволува стандардите

Во Македонија влегува српски мазут што не ги исполнува стандардите за квалитет, алармира ОКТА. Компанијата ова го открила откако дошла до сертификатот за квалитет на дериватот кој покажува дека има таканаречена кинематичка вискозност над дозволените граници. По ова побарале од надлежните институции, како што се Царината  и Пазарниот инспекторат да го испитаат случајот и да го спречат увозот кој што се коси со Правилникот. Им било кажано дека ќе добијат одговор за брзо време. Неодамна  шлеперите биле запрени на граница, но повторно пуштени. Од Окта тврдат дека анализите покажале дека горивото отстапува од стандардот,  но сепак цистерните проидолжиле да влегуваат.

Денеска повторно добивме одговор од Пазарниот инспекторат дека процедурата е во тек. Ние не обвинуваме никого само алармираме дека системот во државата има слаб “имунитет” и не е во стсојба да го спречи увозот на производи кои не ги исполнуваат стандардите. Бараме министераствата и надлежните институции да се разбудат. Постои несинхронизираност помеѓу државните институции, тие не се координирани и некој ја користи целата ситуација. Како може двете клучни институции во случајот да немаат ингеренции да го спречат увозот? Правилникот е подзаконски акт којшто сите треба да го почитуваат. Во случајов не се спроведувало никаква контрола. Ние како компанија дури и бесплатно ја понудивме нашата лабораторија за анализи за да нема вакви проблеми. 

Мазутот го користи кавадаречки ФЕНИ. Пред да почне да го набавува од рафинеријата во  Панчево го купувал од ОКТА.

Од Пазарниот инспекторат велат дека тие не можат да го спречат увозот. Постапиле веднаш по поплаките на ОКТА, но уште ги чекаат резултатите од анализите. Од Царина објаснуваат дека тие мора да ги пуштат цистерните на граница, но одлуката дали горивто ќе заврши на пазарот ја носи Пазарната инспекција.