О’Конор повторно се заканува дека ќе си го одземе животот
Познатата ирска поп пејачка Шинед О’Конор, која моментно се наоѓа во Чикаго, им рекла на свои роднини во Ирска дека има намера да скокне од мост.
Веднаш по дојавата, ирската полиција ги контактирала своите колеги во Чикаго, кои веднаш започнале со потрага по неа.
3а жал, ова не е прв ваков случај. О’Конор веќе неколкупати се закануваше со самоубиство, но полицијата секогаш превенираше успешно.
Пред околу еден месец, по слична дојава полицијата спроведе опсежна потрага во неколку хотели во Чикаго. И тогаш се стравуваше од најлошото, но пејачката беше пронајдена пред да ги оствари своите кобни намери.
Според кажувањата на самата пејачка, таа повеќе од едно десетлетие страда од биполарно нарушување и депресија и смета дека целото нејзино семејство се свртло против неа.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости