Околу 85 отсто од домаќинствата во Штип платиле данок на имот

Штипските фирми за тековната година си го платиле данокот на имот. Портпаролот на oпштина Штип Драган Ристов информира дека според податоците од страна на фирмите данокот на имот е наплатен 100 проценти или во буџетот се инкасирани околу 14 милиони денари.
Наплатата на данок на имот бележи зголемување и од страна на домаќинствата, каде оваа обврска ја исполниле 85 отсо од физичките лица.
- Споредбено со 2015 година стапката на наплата изнесуваше околу 80 проценти, што значи имаме зголемување од пет проценти и тоа е доказ дека граѓаните ги реализираат своите граѓански обврски. Во пари станува збор за сума од 21 милион денари, кои се собрани на име на данок на имот, вели Ристов.
Апелира граѓаните кои своите обврски ги немаат исполнето за наплата на данок на имот, тоа да го сторат до крајот на неделава, кога истекува и рокот, бидејќи дополнително се плаќа и камата.
Буџетот за наредната година ги предвидеува скоро истите средства да се наплатат по основ на данок на имот, кои на граѓаните се враќаат во реализирање на инфраструктурни проекти, како што се изградба на улици, водоводни и канализаиони мрежи и нови тротоарни површини.
Ново на Сител
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
