Околу 500 патници од „Дајмонд принцес“ ќе го напуштат крузерот
Околу 500 патници ќе го напуштат денеска карантинот на крузерот „Дајмонд принцес“, што е вкотвен близу Јокохама откако тестирањето било негативно за новиот коронавирус, кој инфицираше стотици на бродот. Тоа го најави официјален претставник на јапонското Министерство за здравство.
– Бројот на луѓе кои ќе заминат денеска многу ќе се смени главно затоа што зависи од патниците, изјави официјалниот претставник.
Според него се очекува таа цифра да биде „околу 500 луѓе“.
– Само оние што имаат негативни анализи и не биле во близок контакт со лице заразено со вирусот, ќе им биде дозволено да заминат, и најмногу од нив се јапонски патници, рече официјалниот претставник.
– Тие ќе одат дома со јавен превоз, но ќе бидат однесени со автобус на места како што се станици, додаде тој.
Досега на 542 лица на бродот „Дајмонд принцес“ им е дијагностициран новиот коронавирус, и покрај карантинот што почна на 5 февруари, набргу откако бродот пристигна во близина на Јапонија.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати