Околу 500 мигранти најверојатно загинале неодамна при бродолом во Средоземното Море, соопшти ОН
Околу 500 мигранти најверојатно загинале неодамна при бродолом во Средоземното Море, изјави денеска портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за Јужна Европа Карлота Сами, пренесува БТА.
Соопштението се базира на исказите на 41 Африканци кои неодамна пристигнале во јужниот грчки град Каламата. Спасените мигранти, родум од Сомалија, Судан и Етиопија, рекле дека биле очевидци на голем бродолом во Средоземното Море, при што загинале околу 500 луѓе.
Африканците испловиле од Либија, во близина на Тобрук, со стар, небезбеден брод. Во пловилото имало меѓу 100 и 200 лица. На отворено море тие сретнале поголем брод кој превезувал мигранти. Шверцерите се обиделе да ги префрлат на бротчето, кое потоа се претоварило и се превртело.
Групата од 41 преживеани мигранти вклучува луѓе од помалиот брод, но и од поголемиот, кои успеале да се спасат со пливање. Не е јасно кога се случил наводниот бродолом.
Бродот со преживеаните мигранти бил пронајден во саботата како плови без насока. Во неделата тие пристигнале во Каламата, јужна Грција.
Ако овие информации за голем бродолом со мигранти во Средоземното Море се потврдат, тоа ќе биде уште една голема трагедија и најсмртоносна од почетокот на оваа година.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип