Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија

За еден месец, по појавата, птичјиот грип во Албанија згасна неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул, кај Драч.
Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, досега во двете големи компании „Реас“ и „АИБА“ од птичји грип Х5Н1 угинале 497.986 кокошки.
- Министерството за земјоделство излезе со соопштение во кое се наведува дека угинатите и заразените кокошки се уништени. Нивното уништување е направено преку процесот на палење, но без да се наведат повеќе детали за местото, објавија албанските медиуми.
Исто така досега се уништени над 975 илјади контаминирани јајца (561.180 јајца кај Реас и 413.880 јајца во АИБА), бидејќи биле во магацините каде што била заразената живина.
Како последица на тоа во земјата се чувствува недостиг од јајца, чија цена на пазарот постојано расте.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
