Свет
26. August 2015 - 18:47

Околу 50 безживотни тела откриени на брод со мигранти

Приближно 50 починати лица се пронајдени денеска на еден брод во близина на брегот на Либија, а во текот на операцијата спасени се 430 мигранти, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Шведскиот брод „Посејдон“ кој соработува со агенцијата на Европска унија за гранична контрола Фронтекс, пловел да им помогне на мигрантите на бродот, при што се пронајдени околу 50 безживотни тела.

Се претпоставува дека мигрантите се задушиле од чадот на бродските машини.

Од десет бродови денеска биле испратени повици за помош во областа од 50 километри од брегот на Либија.