-->
-->
Околу 4.000 полицајци ќе ја обезбедуваат средбата во Измир на премиерите на Грција и Турција
-->

Вкупно 3.900 полицајци се мобилизирани да ја гарантираат безбедноста во Измир за време на утрешната средба во градот на турскиот премиер Ахмет Давутоглу и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, објави весникот „Милиет“.
Средбата ќе биде посветена главно на проблемот со бегалците и ќе бидат разгледани турско-грчките односи. Освен средбата меѓу двајцата премиери се предвидени и билатерални разговори на ниво на министри.
Проверката за гарантирање на безбедноста за време на средбата започнала пред неколку дена. Направени се проверки на 138 места, при што се проверени документите за идентификација на вкупно 2.162 лица.
При проверките се приведени 17 лица, запленети се три пиштоли без дозвола и 1.980 пакети шверцувани цигари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
