-->
-->
ОН: Околу 258 милиони деца под 17 години не одат во училиште
-->

Заменичката на генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед, предупреди дека постои „алармантна криза во образованието“, информирајќи дека 258 милиони деца под 17-годишна возраст не одат во училиште и оти само 49 проценти од нив завршуваат средно образование.
Таа истакна дека покрај тоа, во светот има 770 милиони неписмени луѓе и тие се претежно жени.
Според неа, состојбата во образованието е „алармантна“ не само затоа што милиони деца не одат во училиште, туку и поради големиот број на деца, млади и возрасни кои одат на училишта, но не добиваат образование.
Специјалниот претставник на ООН за образование, Гордон Браун, рече дека повеќе од 400 милиони деца го напуштаат училиштето на 11 или 12 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
