Околу 2.500 американски војници се останати во Авганистан

Претседателот на САД во заминување, Доналд Трaмп вчера изјави дека бројот на војници во Авганистан, е на најниско ниво во изминатите 19 години. Но, тој не наведе бројка
Во Авганистан сега се распоредени околу 2.500 американски војници.
Трамп повтори дека негова долгогодишна желба е во целост да се повлечат американските војници од Авганистан.
– Секогаш ќе бидам посветен на запирање на бескрајните војни, истакна Трамп.
Администрацијата на Трамп во февруари минатата година постигна договор со талибанците за повлекување на американските војници од Авганиста во рок од 18 месеци.
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден се залага за задржување на мал број антитерористички сили во Авганистан.
Според Законот за одбрана, што Конгресот го изгласа пред две недели на Пентагон му е забрането да ги користи средствата од минатогодишниот и овогодинешниот буџет за намалување на бројот на војници во Авганистан на помалку од 4.000. Трамп стави вето на законот, но Претставничкиот дом и Сенатот гласаа за поништување на претседателското вето.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
