Околу 240 мигранти пристигнале на грчкиот остров Китира во рок од 24 часа

Уште еден мал брод со мигранти, трет по ред во рок од 24 часа пристигнал на грчкиот остров Китира, а според грчките медиуми, пренесувал околу 67 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Во двата одвоени случаи во текот на вчерашниот ден, со две едрилици, пристигнаа вкупно 170 мигратни, а биле уапсени вкупно пет криумчари
За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни.
Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата билÐ ° пронајдена на карпест брег.
Втората едрилица била откриена во морскиот дел јужно од островот, а се пренесувале вкупно 73 лица, од кои 46 мажи, 21 дете и шест жени, а биле уапсени двајца криумчари .
За третиот случај, грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека мал брод со 67 мигранти пристигнал на плажа во западниот дел на островот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
