ОЈО за Сител: Документацијата е обемна, ќе биде потребно време за анализа на договорот
Договорот за кој покажувате интерес, како и содржината на севкупната електронска документација од Електронскиот систем за јавни набавки за кои јавниот обвинител обезбеди пристап до електронската база на податоци на Бирото за јавни набавки, а која е поврзана со сите постапки за јавните набавки каде како предмет на договор се јавуваат коридорите 8 и 10-д, се предмет на анализа на обвинителството во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело, велат за Сител од ОЈО.
Со оглед дека станува збор за обемна документација на јавниот обвинител и тимот на истражители што постапуваат во предметот, ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста. За секое постапување што нема да ја попречи постапката и ќе може да се сподели со јавноста, обвинителството навреме ќе информира, велат од службата за односи со јавност на ОЈО во одговорот на прашањето од Сител.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани