ОЈО Охрид поднесе казнени налози за непочитување на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против 43-годишен жител на Скопје со престојувалиште во Охрид заради продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од Јавното обвинителство.
-Обвинетиот на 13 март на граничниот премин Табановце допатувал од Република Австрија, веднаш заминал во неговиот стан во Охрид и иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал да во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици, информираат од ОЈО Охрид.
Јавното обвинителство предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Исто така, охридското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против уште едно лице кое на 29 март не постапило согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.
-Обвинетиот бил затекнат надвор од домот за време на полицискиот час со што сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соо
Ново на Сител
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
