ОЈО и Воената полиција го истражуваат случајот со повредените војници
Увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на Армијата изврши надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово.
- Според првичните сознанија, настанот се случил кога двајца војници од тимот, по враќањето од воена вежба во Штип, го симнале митралезот тежок 35 килограми кој бил монтиран на хермелин. Во моментот на пренесување на митралезот во хангарот, тој испукал еден куршум кој повредил други двајца војници кои го чистеле оружјето, соопшти Обвинителството.
Јавен обвинител разговарал со неколкумина војници кои биле очевидци на настанот и кои објасниле дека митралезот неколку пати заглавил и за време на воената вежба во Штип.
За целосно расветлување на случајот, по наредба на надлежен јавен обвинител ќе биде извршено вештачење на митралезот и на чаурата пронајдена на лице место, а ќе биде прегледан и целокупниот протокол на изведената воена вежба во Штип. Дополнително, ќе биде прибавена и целосната медицинска документација за двајцата повредени војници, кои во моментов се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
Настанот го испитува и Одделението за криминалистика при Воената полиција, кое исто така својот извештај ќе го достави до надлежниот јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Тошковски: Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука
-
Кос: Бугарија и Северна Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин
-
Едно лице загина, а десетици се повредени во земјотресот на медитеранскиот брег на Турција
-
По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“
-
Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност
-
ДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“