ОЈО Гостивар работи на расчистување на сообраќајката во која загина полицаец

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар синоќа изврши увид на местото на сообраќајна незгода на автопатот А2 Тетово-Гостивар на околу 500 метри по местото викано Тумчевишка клучка, во која животот го загуби еден полициски службеник.
Според првичните сознанија од увидот, како што соопшти Јавното обвинителство, до несреќата дошло кога лице кое управувало со автомобил „Форд фокус“, со кичевски регистарски ознаки, не се придржувало кон прописите и не ја прилагодило брзината на движење според условите и состојбата на патот. Стигнувајќи на критичното место на кое полициски службеници ги пренасочувале возилата во десната сообраќајна лента поради претходно настаната сообраќајна несреќа, тој започнал да ги заобиколува возилата кои се движеле бавно и преминал во левата брза сообраќајна лента. Во тој момент изгубил контрола врз возилото, па удрил во бетонската ограда која го дели автопатот и во двајца полициски службеници. Од ударот, еден од полициските службеници бил исфрлен на спротивната страна од автопатот наменета за движење кон Тетово каде на него налетало патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски реагистарски ознаки. Како резултат на повредите здобиени во несреќата, полицаецот починал. Вториот полициски службеник, пак се здобил со фрактура на раката и повреди на грбот и е задржан на лекување, додека со телесни повреди се здобиле и возачот и патниците во голфот кои се пуштени на домашно лекување.
Јавниот обвинител издал наредби за вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа. Во меѓувреме, за возачот на автомобилот „Форд фокус“ е побаран краткотраен притвор под сомнение за сторено кривично дело од чл.300 од Кривичниот законик – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на Обвинителството и на возачот му определи краткотраен притвор во траење од 48 часа.
Ново на Сител
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
