„Охридско лето“ ќе соработува со Љубљански фестивал

Фестивалот „Охридско лето“ и Љубљанскиот фестивал ќе соработуваат и заемно ќе преговараат со големи светски имиња од класичната музика.
Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска во рамки на работната посета на Словенија вчера во Љубљана имаа средба со Дарко Брлек, директор на Љубљански фестивал.
На средбата биле разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивала. Поповиќ и Брлек договориле заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика.
Големиот вљубеник во класичната музика, кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на средбата најавил негово присуство на наредното, 59-то издание на „Охридско лето“, информираат од дирекцијата на фестивалот.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
