Македонија
22. July 2015 - 17:44

Охридско лето блесна со полски уметници

Врвните уметници од Полска, виола-органистот Славомир Зубжицки, пијанистката Ана Мјерник и тенорот Рафал Жураковски со своите фасцинантни изведби, брилијантна техника и длабока емоционалност ја вознесоа многу бројната публика. Во црквата Света Софија на традиционалната полска вечер публиката имаше ексклузивна и ретка можност да ужива во уникатните звуци на единствениот инструмент виола/оргули направен по скица на Леонардо да Винчи, стара повеќе од 500 години.

Еминентните полски уметници  од многубројната странска и домашна публика беа наградени со бурни долги аплаузи и стоечки овации. Ексклузивноста на Охридско лето се потврди со премиерата на инструментот виола/оргули а програмата беше збогатена и со извонредните настапи на пијанистката Мјерник и тенорот Жураковски.

Вечерва во рамките на фестивалот Охридско лето ќе настапи народниот театар од Србија со претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во режија на Ана Ѓорѓевиќ.