Македонија
26. јуни 2022 - 16:34

Охрид останува без работници, младите одат на Јадран

Охридско-струшкиот регион и ова лето се соочува со недостаток на стручен кадар во хотелско-угостителскиот сектор.Голем бројот на келнери ,кувари и бармени ја напуштаат нашата земја и сезонски работат во соседните туристичките места поради како што велат повисоки примања и подобрите услови за работа.Никола Петрески веќе неколку месеци работи на хрватското приморје како готвач тој вели дека секојдневно доаѓаат македонци кои размислуваат да останат и во текот на целата година бидејќи работењето три месеци во Хрватска им носи иста заработувачка колку во Охрид и Струга  да работат цела година.

Од средното угостителско училиште ги повикуваат младите да се насочат во хотелско туристичката струка, бидејќи е најбарана на пазарот на трудот.

Во меѓувреме хотелиерите и сопстевниците на ресторани на брегот ан охридското езеро мака мачат да најдат соодветен персонал бидејќи како што посочуваат сезоната веќе е во ек  а работна сила нема.