Македонија
11. јуни 2026 - 12:13

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации

Двата крајезерески града остануваат привлечни дестинации за туристите од сите краеви ширум светот. И покрај сите предизвици со растот на цените на производите од хотелско-угостителскиот сектор велат дека цените на ноќевањата остануваат стабилни.

Хотелиерите посочуваат дека недостигаат кувари, келнери, шанкери проблем кој трае години наназад, но радува тоа што се зголемува интересот кај младите кои го надополнуваат кадарот.

Туристичките работници очекуваат плодна летна сезона со висока исполнетост на капацитетите како резултат на добриот интерес и резервации особено од странските тур оператори.