Македонија
17. July 2015 - 19:34

Охрид и Струга немаат спасители

13 плажи долж охридското езеро сеуште немаат ангажирано спасители на вода а состојбата во Струга е уште полоша од вкупно 15 плажи само шест имаат воспоставено безбедносни критериуми, а останатите се небезбедни за капење, спорт и рекреација. Од Црвениот крст апелираат концесионерите што поскоро да ја исполнат својата законска обврска и да ја зголемат безбедноста на капачите.

Охрид доби 8 спасители и двајца тренери  за безбедност на брзи води единствени во Македонија,обучени по стандардите на Велика Британија.

Инаку спасителите на вода летово имале 11 интервенции на извлекување на давеници долж Охридско –струшкото крајбрежје и преку 80 случаи во укажување на прва помош.