Ограничено движење во шумите во Македонија

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси во термин од 7 до 17 часот, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во шумите можат да се движат само лица кои имаат добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17 до 7 часот дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата
- Ограничувањето не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на престваник од ЈП „Македонски шуми“ или Националните паркови, се истакнува во соопштението на Министерството.
За непочитување на одредбите од оваа забрана, од Министерството велат дека лицата кои ќе бидат затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска против вредност.
Од Министерството информираат дека забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. За не почитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
