-->
-->
Ограбен стан во Скопје, штетата околу два милиони денари
-->
На два милиони денари е проценета материјалната штета направена при тежок грабеж во стан во Скопје.
Како што соопшти МВР, околу 18:50 часот вчера Д.С.(59) пријавил дека дента на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата на неговиот стан и извршил тешка кражба. Тој пријавил дека му биле одземени ловечка пушка „ИЖ“ 27 ЕМ-М, калибар 12мм, ловечки карабин „Штаер Манлихер“ 300 МАГ кој оштетениот ги поседувал со дозвола, 800 евра, една метална каса марка „Емо“ во која имало околу 17.000 евра, 3.500 швајцарски франци, 2.000 американски долари и разновиден златен накит. Материјалната штета се проценува на околу 2.000.000 денари.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром