Македонија
22. January 2018 - 11:02

Ограбен магацин со цигари во Битола

Вчера во 12,30 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул.„Анести Пановски“ била извршена тешка кражба во куќата сопственост на Б.С. (1964), која се користела како простор за магационирање на правно лице.

Имено во периодот од 19 до 21.01.2018 година, сторителот со употреба на физичка сила и подесен алат ја отворил влезната врата од куќата и одзел поголема количина на разновидни марки на цигари, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 400.000 илјади денари.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.