-->
-->
Официјално: Баерн го врати Кутињо на Барса
-->
Европскиот клупски шампион Баерн Минхен официјално го врати Филипе Кутињо во Барселона. Бразилскиот плејмејкер играше на позајмица една година кај Баварците, со кои освои „требл“, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Минхен имаше можност да го купи играчот доколку и дадоа на Барселона 100 милиони евра, но Германците категорично одбија пред неколку месеци да ги дадат предметните пари за да го задржат Бразилецот.
На овој начин Кутињо ќе работи кај „Блаугранас“ со новиот тренер Роналд Куман, а медиумите во Шпанија тврдат дека Холанѓанецот сака Кутињо да остане и да ги брани боите на клубот од „Камп Ноу“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
