-->
-->
Одржани мултилатерални консултации меѓу НАТО и Македонија во Брисел
-->

Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска се одржаа мултилатералните консултации „Процес за планирање и преглед“ (ПАРП) меѓу Република Македонија и Алијансата, на кој учествуваа македонскиот заменик-министер за одбрана Беким Максути, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска-Ристова и висока делегација на Министерството и на Армијата на Република Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, овој редовен брифинг е во поглед на реализацијата на партнерските цели на Македонија за идно членство во НАТО, што го потврди и вториот човек на Министерството за одбрана.
- Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, заедно со државниот секретар Чуповска-Ристова и делегација на Министерството за одбрана и на АРМ учествувавме на Мултилатералните консултации (ПАРП) меѓу Република Македонија и Алијансата. Во овие консултации уште еднаш потврдивме дека стратешки акцент на Република Македонија е зачленување на нашата земја во НАТО. Со соговорниците ги допревме сите прашања во однос на реформите и се што е постигнато во текот на минатата година и сите сугестии, односно добронамерни забелешки од страна на НАТО во однос на тоа како треба да се движиме понатаму се до полноправно членство во Алијансата, истакна заменик-министерот Максути.
Државниот секретар во МО Чуповска-Ристова, потенцираше дека на денешните консултации во седиштето на најголемата воено-политичка организација на светот, особена почит е оддадена кон Македонија за придонесот што го има дадено во поглед на мировните операции предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации.
- Значително е поддржан фактот што Република Македонија има остварено напредок во делот на регионалната соработка во низа проекти што ги спроведуваме на регионално ниво, како што е оној што во 2016 година се отвори седиштето на Балканските медицински и наменски сили што ќе биде со перманентно седиште во Република Македонија. Во овој проект учествуваат неколку балкански земји со клучна суштина на самиот проект да постигнеме распоредливост на овие Балкански медицински наменски сили во случај на кризни потреби или други состојби на целиот балкански регион. Дополнително, најголемо внимание се посвети на процесот за модернизација и опремување на Армијата, кој е во тек, истакна Чуповска-Ристова.
Првиот оперативец на македонското Министерство за одбрана, посочи дека во 2017 година, во буџетот на Министерството се одобрени 6,38 проценти повеќе буџетски средства изразено во проценти во однос на минатата 2016 година, при што од НАТО е поздравен фактот што речиси 21 процент од овие средства ќе бидат наменети за капитални расходи.
- Република Македонија, односно Министерството за одбрана и Армијата веќе го започнаа процесот на набавка на нова, модерна и современа опрема за потребите на Армијата и веќе се склучени договори. Исто така, исклучително сме поздравени и во делот на продолжување на овој клучен процес, додава државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова.
Инаку, денешните консултации во седиштето на Алијансата во Брисел се во функција и на очекувањата од Република Македонија годинава да го отвори 18-тиот циклус на Акцискиот план за идно членство во Алијансата (МАП), при што во овој дел, македонската држава е исклучително вреднувана за соодветните придонеси што ги има остварено во сите партнерски цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
