Одржан протестот на косовските Срби во Северна Митровица, побарано да не се отвора мостот на Ибар
Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина.
На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот на Ибар им се обрати поранешниот претседател на судот во Митровица, Никола Кабашиќ, кој ги повика граѓаните Срби, исто како денеска, и во иднина да ги уриваат одлуките на, како што ја нарече општинската власт, „принудната управа“ во Северна Митровица.
– Секој пат кога тие ќе носта одлуки кои одат на штета и се противни на волјата на граѓаните тука, ние ќе се собираме на истото место и со аклмација ќе усвојуваме дека со тоа не се согласуваме, рече Кабашиќ.
На протестот беа истакнати транспаренти со пораките: „На мостот го браневме опстанокот, сега го браниме исчезнувањето!“, „Ако Курти го отвори мостот, КФОР и Квинта ќе бидат одговорни за сé!“, „Додека ЕУ и САД пишуваат соопштенија, нас не протеруваат!, „Бараме КФОР да не заштити“ и слични.
На протестот беше забележано незначително зголемено пртисуство на косовската полиција. Не е регистриран никаков инцидент и граѓаните мирно се разотидоа откако беше прогласено завршување на собирот.
Ново на Сител
-
Игор Стефановски – Иџе победи во својата група на Европскиот шампионат во ридски патеки
-
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември, граѓаните да ги заменат навреме
-
Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
-
Најмалку осум загинати во поплавите во Европа
-
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281
-
Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени
-
КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември
-
Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР