Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Мерката краткотраен притвор, како што посочуваат од Обвинителството, е за обезбедување докази во однос на сомненијата и за да се изршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес и други дејствија.
-Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата. По предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор, се вели во соопштението од Обвинителство.
За лицето, како што информираат од Обвинителство, постојат сомненија за сторени кривични дела - Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претходно денеска на прес-конференција информираше дека против Стојанче Јовановски имало 10 пријави за насилен криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога, како и дека тој е приведен и против него ќе бидат поднесени кривични пријави за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.
Како што појасни Тошковски, пред падот имало расправија меѓу сопружниците и интервенција на полицијата по пријава за насилство.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
