Одново се суди за апсењето на Љубе Бошковски

Судењето за предметот "Тортура" вратено на почеток. Поради промена на поротник и изминување на три месеци од последното одржано рочиште, судењето за начинот на апсење на Бошковски денеска почна одново.
Судот не го прифати предлогот на адвокатите на Сашо Мијалков да се прекине кривичниот прогон заради ненадлежност на обвинителите кои го застапуваат предметот откако тие ги презема републичкиот јавен обвинител.
На почетокот од повтореното судење, првообвинетиот во предметот, Сашо Мијалков рече дека апсолутно не се чувствува за виновен за делото кое му се суди.
Виновни не се чувствуваат ниту поранешниот прв човек на "Алфите" и петтемина припадници на единицата.
Тие се обвинети за апсењето на претседателот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
